Утрински Весник
Спорт

Ливерпул го претстави Дарвин Нуњез: Ќе ми биде чест да играм на „Енфилд“

Уругвајскиот интернационалец Дарвин Нуњез и официјално е нов фудбалер на Ливерпул. Англискиот премиерлигаш го претстави како ново засилување, а тој во првото интервју потенцираше дека му е чест што ќе игра на „Енфилд Роуд“ и ќе го носи дресот на „црвените“.

„Среќен сум што потпишав за Ливерпул, ова е голем клуб и чест ми е да бидам дел од историјата на „Енфилд Роуд“. Се надевам дека ќе помогнам во иднина да освоиме многу трофеи“, изјави Дарвин Нуњез.

> Ливерпул го претстави Дарвин Нуњез: Ќе ми биде чест да играм на „Енфилд“ <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина