Утрински Весник
Македонија

157 сообраќајни прекршоци во Скопје: 56 за пребрзо возење, 16 возеле без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.6.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на Град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се и 13 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, осум мерки за поминување на затворен сигнал (црвено светло), четири за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за користење  мобилен телефон.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Ни следува краткотрајно стабилно време, во недела нови врнежи и грмежи!

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници 

Ноќеска „Дрисла“ гореше, Ангелов тврди дека магла е!