Утрински Весник
Магазин

Ѕвездите во бласкави стајлинзи на Тони-наградите

Њујоршкиот „Радио сити мјузик хол“ во неделата попладне беше домаќин на 75. доделување на наградите „Тони“, филмскиот еквивалент на „Оскарите“.

Џесика Честејн го донесе гламурот на црвениот тепих во прекрасен розов фустан на Гучи. Изгледот го комплетира со брановидна коса и темноцрвени усни.

Парис Џексон, Синтија Ериво и Аријана ДеБоз беа меѓу највпечатливите од т.н. А листа кога се појавија на црвениот тепих за церемонијата на доделување награди во неделата попладне.

 

Џесика плени со светлорозова креација на Гучи, со набори, ниско деколте и отворени раменици.

Парис Џексон, најстарото дете на покојниот Мајкл Џексон, воодушеви во фустан во боја на праска, со златни акценти и детали на пелерина.

На 24-годишната актерка и пејачка ѝ се придружи нејзиниот помлад брат Принс Џексон (20).

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 октомври: Време за искрени разговори и мали промени

Бојана Нушкова позираше во погребен ковчег и со црна долна облека

Намирници што содржат повеќе железо по порција отколку месото