Утрински Весник
Свет

Франција под удар на топлотен бран – температури до 40 степени

Поголемиот дел од Франција оваа недела ќе биде зафатен од топлотни бранови со температура до 40 Целзиусови степени.

Во Париз е можна температура од околу 37 степени, соопшти француската метеоролошка служба.

Тамошните медиуми денеска јавија дека високата температура ќе биде од среда до сабота, а топлотниот бран најмногу ќе го зафати јужниот дел на Франција.

До 40 степени се очекуваат во Тулуз, Бордо, Бијариц и Лион. На север температурата ќе биде малку пониска со околу 37 степени во Париз и Рајна, додека Лил како најсеверен град ќе забележи околу 34 степени.

Топлотниот бран доаѓа од Португалија, соопштија метеоролозите и додаваат дека и ноќите ќе бидат топли.

Можете да прочитате

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД МАДУРО ЗАД РЕШЕТКИ: Насмеан позира од затворот во Њујорк

Хамнеи ги повика земјите од Персискиот Залив да се обединат против „вистинскиот непријател“

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките