Утрински Весник
Магазин

Џенифер Хадсон со ЕГОТ-статус

Џенифер Хадсон е најновата селебрити-личност која го постигна ексклузивниот статус ЕГОТ со нејзината победа на Тони-наградите како копродуцент на бродвејскиот мјузикл A Strange Loop.

Ова претстава доби рекордни 11 номинации за „Тони“, вклучително и во категориите Најдобар мјузикл и Најдобар актер.

A Strange Loop, напишана од Мајкл Р. Џексон, ја освои главната награда за најдобар мјузикл, а Џексон ја доби статуетката за најдобра книга на мјузикл.

Зборот EГОТ се однесува на поединци кои во текот на својата кариера освоиле „Еми“, „Греми“, „Оскар“ и „Тони“ – кованица што ја содржи првата буква од секоја од најпрестижните холивудски награди.

Само 16 други лица го постигнале реткиот статус на ЕГОТ.

Други значајни личности кои ги освоиле сите четири награди се Рита Морено, Алан Менкен, Одри Хепберн, Ендрју Лојд Вебер, Мел Брукс, Мајк Николс и Вупи Голдберг.

Доделувањето на традиционалните награди „Тони“, театарски еквивалент на филмските „Оскари, се одржа синоќа во Њујорк, каде по 75. пат се славеа најдобрите изведби на Бродвеј.

Можете да прочитате

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност