Утрински Весник
Македонија

Арсовски: СДСМ да не го затскрива случајот со убиството во Ново Село

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, на денешната прес-конференција изјави дека во Македонија станало многу нормално да гинат луѓе откако е СДСМ на власт и додаде дека во градот Струмица се говорело и пишувало на социјалните мрежи дека во целиот овој случај биле вмешани структури кои што имаат блиски релации до власта, а нормално, МВР за тоа молчи.

– Еве јавно прашуваме, дали во ова убиство се вмешани такви блиски структури до власта. Јавното обвинителство и МВР не треба да молчат, не треба да се обидуваат да прикријат и сокријат било какви докази за убиство за едно недолжно младо момче за кое штотуку почнувал животот и нормално, доколку се вмешани, а сѐ повеќе се говори, се пишува по социјалните мрежи, се зборува низ струмичкиот регион дека се вмешани блиски луѓе до власта, треба најстрого да бидат казнети и нормално сите оние кои што им давале заштита и закрила да сносат одговорност. Не е првпат СДСМ да се обиде да сокрие убиство или докази, или било што поврзано со убиство, така беше и со трагично загинатиот ракометар од Хрватска Тот, така е и сега, но тоа за жал стана пракса на СДСМ.
Очекуваме решавање во најбрз можен рок и очекуваме оние кои го извршиле овој грозоморен чин да одговараат, а доколку МВР продолжи да се однесува вака со обид да го затскрие ова дело и овој случај, нормално е да се поднесе оставка од највисоко можно ниво. – рече Арсовски.

Можете да прочитате

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

Галетановски: Возилото е изгорено целосно, ниту сум скаран со некој ниту некој ми се заканувал

Потпишан е Меморандум за соработка со Управата за извршување на санкции