Утрински Весник
Македонија

217 сообраќајни прекршоци во Скопје – 93 за пребрзо возење, 30 возеле пијани

Dik 300x250 mk

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 93 санкции, 30 санкции за возење под дејство на алкохол, 15 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се и 29 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три мерки за поминување на затворен сигнал (црвено светло), шест за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за користење на мобилен телефон.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија

Блерим Беџети повеќе не е координатор на пратеничката група на ДУИ

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција