Утрински Весник
Свет

Германија досега и доставила на Украина оружје во вредност од 350 милиони евра

Досега Германија и доставила на Украина оружје во вредност од 350,1 милиони евра, се вели во одговорот на Министерството за економија и заштита на климата на барањето на левичарската пратеничка Севим Дагделен.

Од првиот ден на војната на 24 февруари до 1 јуни, германската влада даде „зелено светло“ за испорака на оружје во вредност од 219,8 милиони евра, како и заштитна опрема вредна 85,2 милиони евра, се вели во одговорот објавен од ДПА.

Два дена по руската агресија врз Украина, германската влада одлучи да и достави оружје на нападнатата земја, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Катарски танкер со гас помина низ Хормуз

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина