Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Честитки до македонскиот народ за враќањето на МПЦ-ОА во канонско единство, сите сме горди на овие успеси

Вчерашниот ден беше важен, историски ден за македонскиот православен народ. Охридската Архиепископија сослужуваше заедно со Вселенската патријаршија и со тоа се исправи една голема историска неправда,а со литургијата која се служеше на македонски јазик е уште една потврда за нашата македонска посебност и македонскиот идентитет, се вели во соопштението од СДСМ.

Охридската архиепископија секогаш била рамо до рамо со Вселенската патријаршија и православниот свет и важно е ова сослужување и примањето во канонско единство на македонската црква да биде крунисано и со издавање на томос од страна на Вселенската патријаршија.

Од СДСМ им честитаат на граѓаните и македонскиот народ за враќањето на МПЦ-ОА во канонско единство, сите сме горди на овие успеси.

Упатуваме и благодарност до Вселенската патријаршија која му одаде чест на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, на литургијата да го прочита Симболот на верата во име на неговиот, македонски народ, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Клиниката „Санте Плус“ блокирана во Албанија – полицијата го бара сопственикот Билал Кара со потерница

Може ли Чаир да биде политички гробар на Али Ахмети?

ВЛЕН:Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина