Утрински Весник
Свет

Смртната казна е единствената правда за платениците, вели лидерот на ДНР

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лидерот на самопрогласената Донечка Народна Република (ДНР), Денис Пушилин, денеска оцени дека смртната казна е единствената правда која може да се изрече на луѓе кои, како што кажа, пристигнале во ДНР за да убиваат цивили за пари.

„Што се однесува до платениците, двајца Британци и еден Мароканец. Се одржаа судски рочишта. Обезбедени им беа адвокати. Нивните злосторства може да се класифицираат како тешки и особено тешки. Тоа може лесно да се увиди според листата на докази што беа презентирани. А судот пресуди смртна казна“, рече Пушилин, а пренесува РИА Новости.

Тој изјави дека не гледа основа за помилување странски платеници кои се осудени на смрт.

„Прво, јас се раководам од судската одлука. Но, поради злосторствата што ги направија, не гледам основа за помилување“, рече Пушилин.

Врховниот суд на ДНР во четвртокот ги осуди на смрт државјаните на Велика Британија, Шон Пинер и Ејден Ајслин, како и мароканскиот државјанин, Садун Брахим, кои војувале на страната на Украина.

Можете да прочитате

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти

Како ЕУ за 15 години стана „Должничка Унија“ со долг од 670 милијарди евра

Американската армија нападна уште еден брод во источниот дел на Пацификот