Страшна вест доаѓа од Шпанија! Фудбалер кој е член на клуб од Бундеслигата е уапсен на Ибица, откако бил обвинет дека силувал тинејџерка.
Двајца 25-годишни мажи се уапсени на Ибица откако 18-годишна девојка ги пријавила и ги обвинила за сексуален напад во вила во Сан Хозе, на овој шпански остров.
Таму одморот го поминуваат од неодамна завршената сезона, а медиумите пишуваат дека еден од двајцата момци е всушност 25-годишен фудбалер кој настапува во Бундеслигата. Неговото име се чува во строга тајна за време на истрагата.
Девојката по инцидентот била примена во болница, а сето тоа се случило во средата, кога биле приведени двајца мажи. Според британските медиуми уапсените мажи се германски државјани.
Полицијата го истражува наводното силување кое се случило во раните утрински часови во средата. Се уште не се знае што ќе биде со двајцата Германци, дали ќе платат кауција до кривичната истрага или веднаш ќе им биде одредена мерка притвор.
Оваа вест за локалните медиуми ја потврди и портпаролот на цивилната гарда на Ибица.
> Германски фудбалери упасен на Ибица, тинејџерка го обвинила за силување <