Утрински Весник
Свет

(Видео) Се надевав на поправедна пресуда, рече еден од Британците осудени на смрт

Ејден Ајслин, Британецот кој денеска беше осуден на смртна казна од страна на меѓународно непризнатиот суд во самопрогласената проруска Народна Република Донецк, даде изјавата по изрекувањето на пресудата.

„Се надевав дека пресудата ќе биде многу поправедна бидејќи помогнав во истрагата и затоа што се предадов на Донечката Народна Република. Сакав поинаков исход, но бог ќе биде тој што ќе ми суди кога ќе дојде време“, рече Аслин. .

Заедно со него на смрт се осудени и Британецот, Шон Пинер и Мароканецот, Сааудин Брахим. Сите тројца се бореле на украинска страна и беа заробени од руските сили во Мариупол во април.

Можете да прочитате

Путин барал од олигарсите да помогнат во финансирањето на буџетот за воените трошоци

ЕУ се надева на пораз на Орбан

Трамп: ЦИА ми кажа дека врховниот лидер на Иран е геј