На социјалните мрежи се појави видео од изрекувањето на пресудата за смртна казна за тројцата воени заробеници на проруските сепаратисти – двајца Британци и еден Мароканец.
Британците Ејден Ајслин и Шон Пинер и Мароканецот Сааудин Брахим беа заробени во Мариупол во април.
ЭКСКЛЮЗИВ СОЛОВЬЁВ LIVE
Верховный суд ДНР приговорил двоих британцев Аслина и Пиннера, а также марокканца Саадуна к смертной казни за наемничество. pic.twitter.com/i5lELtN2lU
— Svetlana (@Lana_mem) June 9, 2022
На снимката се гледа како се зад решетки, облечени во црно. Додека судијата на меѓународно непризнатиот суд на проруските сепаратисти им ја чита пресудата, Британците стојат со наведнати глави. Мароканецот, пак, нервозно се сврте од едната на другата страна.
За потсетување, Русија е единствената земја во светот што ја призна независноста на самопрогласената Донечка Народна Република (ДНР), чиј суд ги осуди на смрт тројцата воени затвореници.
Според руската агенција РИА Новости, законите на таа парадржава пропишуваат смртната казна да се извршува со стрелање.