Утрински Весник
Култура

Украинскиот детски филм ,,Бобот” ги затвора Џифони филмските денови

Украинскиот детски филм „Бобот“ во режија на Макс Ксјонда, ќе биде последниот наслов од програмата „Џифони филмски денови“, што ќе заврши в сабота (11 јуни) во 10 часот во Кинотеката. По филмот ќе следува дискусија.

Филмот има освоено неколку награди, меѓу кои и за специјални визуелни ефекти.

По дискусијата на филмот, во 12:30 часот ќе почне „Филмска работилница“ со режисерката Марија Џиџева, за сите оние што сакаат да снимаат филмови и видеа.

„Џифони филмски денови“ привлекува големо внимание кај учениците што ја сакаат филмската уметност. По секоја проекција, следува дебата во која активно се учествува. Деновите се отворени за ученици од основно образование, а по проекцијата на филмот ќе следува дискусија.

Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм на РСМ и од Кинотеката на Северна Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони експириенс“.

Текстот Украинскиот детски филм ,,Бобот” ги затвора Џифони филмските денови е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“