Утрински Весник
Свет

Лавров: Повиците на Киев за Западот да го вооружи до заби се контрапродуктивни

Киев е должен да престане да го одложува процесот на извоз на украинско жито, а повиците до Западот да го „вооружи до заби“ се контрапродуктивни, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

По средбата со ерменскиот колега Арарат Мирзојан во Ереван, тој нагласи дека руската војска е подготвена да обезбеди безбедни коридори за сите товарни бродови кои чекаат да испловат од пристаништата на Црното Море, но под услов Украинците да ги отстранат мините од крајбрежниот појас под нивна контрола.

Сергеј Лавров посочи дека е потребно да се откаже од ваквата реторика и „вжештување на страстите во медиумскиот простор“ и наместо тоа да се занимава со конкретни дела, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 апсења низ цела Франција по судирите на демонстрантите со полицијата

Белгород погоден од украински беспилотни летала – еден убиен, 14 ранети

Хаос во Барселона: Ограбени и запалени дуќани, над 100 уапсени