Утрински Весник
Свет

Американски воен авион се урнал во Калифорнија, четири лица загинати

Американски воен авион се урна во округот Империјал, Калифорнија, пишува Лос Анџелес Тајмс. Според прелиминарните извештаи, загинале четири лица.

Авионот се урнал во близина на автопатот 78, според извештаите на брзата помош.

„Можам да потврдам дека армијата има помош во врска со урнатиот авион“, рече портпаролот на областа Гил Реболар.

Според Лос Анџелес Тајмс, радио повиците од местото на настанот укажувале дека во леталото можеби имало нуклеарен материјал, но портпаролот на воената база Ел Центро, Кристофер Хо, не можел да ја потврди таа информација.

Спасувачките екипи во областа трагаат по петтото лице кое било во авионот, пренесуваат светските медиуми.

Одделот на шерифот на империјалната област потврдил за локална новинска станица дека авионот се урнал во близина на границата со Аризона, пренесува Лос Анџелес Тајмс.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад