Утрински Весник
Магазин

Канје Вест и Чејни Џонс повеќе не се заедно

Раперот Канје Вест и манекенката Чејни Џонс ја прекинаа четиримесечната романса.

Вест (44), кој претходно беше во брак со Ким Кардашијан и има четири деца со неа, во март започна врска со Чејни (24), двојничката на Ким, како што ја нарекуваа таблоидите бидејќи многу наликува на неговата поранешна сопруга.

Меѓутоа, тие решиле да стават крај по враќањето од Јапонија, каде беа на долго патување.

„Тие повеќе не се заедно по долгото патување во Јапонија. Не е јасно кој на кого му раскинал,“ открива анонимен извор за „ТМЗ“.

Веста за наводната разделба доаѓа само неколку дена откако Канје, кој законски го смени своето име во Је, беше виден во кино со инфлуенсерката Моника Корган.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста