Утрински Весник
Спорт

Белгијците немилосрдни во Брисел, Холандија го освои Кардиф

Фудбалската репрезентација на Белгија беше убедлива во Брисел и ја декласира Полска со 6:1. Роберт Левандовски донесе водство за гостите, но Аксел Витсел израмни пред крајот на полувремето. Во вториот дел, „црвените ѓаволи“ ја покажаа силата и постигнаа уште четири гола.

Кевин де Брујне се погрижи за пресврт, а потоа Леандро Тросар учествуваше со два гола. Дендонкер и Оперда го заокружија убедливиот триумф.



Холандија во завршницата стигна до победа (1:2) на гости против Велс. Вегорст во 94.минута постигна победнички погодок, како реакција на голот на Норингтон – Дејвис во 92.минута. Копмајнерс во 50.минута го отвори резултатот.

 

Во Лигата Б, Шкотска ја совлада Ерменија со 2:0, а Украина на гости победи Република Ирска со 0:1, со голот на Виктор Циганков.

> Белгијците немилосрдни во Брисел, Холандија го освои Кардиф <

Можете да прочитате

РК Вардар победнички стартуваше во ЕХФ Купот

Лина Ѓорческа елиминирана на турнирот во Словачка

Македонските фудбалери се во Летонија пред првиот меч од Лигата на Нации