Утрински Весник
Спорт

ПСЖ тргнува по потписот на Кристоф Галтие

Францускиот првак Пари Сен Жермен наскоро ќе тргне по најважниот потпис ова лето, после продолжениот договор со Мбапе, а тоа секако е ангажманот на нов тренер. Новиот спортски директор на „светците“, Луис Кампос, на клупата го посакува Кристоф Галтие.

Тој можеби не е големо фудбалско име во Европ, но секако значи многу на домашната сцена во Франција. Галтие направи чудо, токму со Кампос, кога со тимот на Лил ја освои титулата во сезоната 2020/21, пред Пари Сен Жермен.

Галтие потоа ја презеде Ница со која беше конкурентен дури и за пласман во ЛШ до самиот крај на шампионатот. Пред Лил и Ница, Галтие осум години го водеше Сент Етјен, од 2009 до 2017 година.

> ПСЖ тргнува по потписот на Кристоф Галтие <

Можете да прочитате

Мундијалската турнеја на Инфантино: Над 50.000 километри со приватен авион за 24 натпревари

Вечерва три средби од нокаут фазата на Мундијалот

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот