Утрински Весник
Свет

Вооружен маж уапсен во Америка, се заканувал на судија на Врховниот суд

Вооружен маж, кој му се заканувал на судија на американскиот Врховен суд, Брет Кавано, е уапсен денеска во близина на неговата куќа во сојузната држава Мериленд, соопшти портпаролката на судот.

Според „Вашингтон пост“, мажот во неговите 20-ти бил бесен поради нацрт-мислењето што протече минатиот месец, а кое навести дека судот се подготвува да ја поништи одлуката „Роу против Вејд“, со која се легализираше абортусот.

“Околу 1.50 часот, маж е уапсен во близина на резиденцијата на судијата Кавано. Мажот бил вооружен и му се заканувал на судијата”, изјавила портпаролката на судот.

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока