Утрински Весник
Свет

Кина со закана до Западот

Кина се изјасни против обидите на трети страни да ги вовлечат земјите од регионот во конфликт на светските сили, пренесува руската државна агенција ТАСС.

ТАСС ја цитира изјавата на кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, за време на состанокот со казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев во вторникот во градот Нур-Султан.

„Кина отсекогаш играла конструктивна улога во помагањето на мирните преговори. Во денешната ситуација, треба да се биде свесен за обидите на трети страни да ги вовлечат земјите во конфликт на светските сили и да се избегнат нивните барања за заземање одредена страна. Кина никогаш нема да ги следи геополитичките интереси во централна Азија и нема да дозволи надворешни сили да направат хаос во регионот“.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад