Утрински Весник
Магазин

Рита Ора и Таика Ваитити се подготвуваат за заеднички живот

Рита Ора и Таика Ваитити, наводно, се подготвени да се венчаат откако речиси истовремено си го поставија прашањето еден на друг.

Според таблоидите, британската пејачка (31) и режисерот оскаровец од Нов Зеланд (46) планираат мала церемонија во странство, пред да прослават со своите колеги од холивудската А-листа со големата забава во Лондон подоцна оваа година.

Разбирливо е дека Рита, која работи на неколку филмови и The Voice Australia, и Таика, кој планира низа филмови, се надеваат дека ќе го врзат јазолот откако ќе завршат нивните работни обврски.

Рита и Таика започнаа љубовна врска во март 2021 година, откако се запознаа во Австралија, а набрзо почна да се шпекулира дека нивнта врска се движи толку брзо што почнале да разговараат за брак, изјави извор за New Idea.

„Таика постојано ја нарекува Рита „женичка“ и зборува за тоа како тој ќе биде нејзиниот прв и последен сопруг“, вели инсајдерот.

Во тоа време, Рита, наводно почнала да се шегува за „брза, хипи-дипи“ церемонија во Калифорнија, а подоцна да слави со голема забава.

Можете да прочитате

Голема Back to School забава во Џевахир Мол: Диџеј Боно и омилените маскоти ги пречекуваат децата на првиот училишен ден

Дневен хороскоп за 31 Август 2026 година

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании