Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Настанот во Битола не треба да се политизира, да бидеме мудри и да не наседнуваме на сценарија

Апелираме до јавноста да не се политизира кривично правниот настан, во кој, по сопствено признание, како сторител се јавува македонски пејач, пишува во соопштението од владејачката партија.

Според СДСМ, негативните емоции за називот на бугарскиот културен центар во Битола во никој случај, како што велат, не смеат да бидат причина да се оправдува свесно и со умисла подметнување пожар во кој можел да настрада и самиот сторител, но и други лица.

„Македонскиот идентитет не се брани со релативизирање на кривични дела. Вандализмот буди друг вандализам, кој може да не внесе во спирала на скандали кои може да бидат погонско гориво за радикални структури во двете земји. Наша обврска е да бидеме мудри и да не наседнуваме на сценарија чија цел е оддалечување на Северна Македонија од ЕУ. Имаме разбирање за вознемиреноста на нашите граѓани, но никогаш нема да одобриме насилничко однесување. Единствено надлежен за ценењето на евентуалните олеснителни околности во конкретниот случај е исклучиво правосудната власт, а не дневната политика“, е потенцирано во писмената реакција од СДСМ.

Конечно, додаваат од таму, во текот на оваа година ќе бидеме сведоци на отворањето на Македонскиот културен центар во Благоевград. „Ние се бориме со вредности, принципи и доследност, а не со насилство!“, додаваат од партијата на власт.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт