Утрински Весник
Магазин

Бред Пит тврди дека Џоли сe обидува да му нанесе штета во битката за старателство

Бред Пит ја обвини својата поранешна сопруга Анџелина Џоли дека тајно го продала својот удел во заедничкиот имот во јужна Франција на руски олигарх, за да му нанесе штета во битката за старателство над нивните деца.

Според нови правни документи, Џоли се обидела да му нанесе штета на својот поранешен сопруг кога ја продала својата половина во заедничките лозја, замокот Миравал и винаријата.

Пит ја тужи поранешната сопруга за продажба на нејзиниот удел во имотот што заедно го купиле во 2008 година.

Тој тврди дека со нејзината одлука да го продаде својот дел на руски олигарх го принудила на партнерство со странец со „отровни здружувања и намери“.

Џоли се уште не се огласила јавно во врска со случајот.

Двојката купи мнозинство акции во „Шато Миравал СА“, француска компанија која опфаќа замок и лозје на југот на Франција, во 2008 година.

Парот се венча таму шест години подоцна.

Пит вели дека тој и неговата поранешна сопруга се договориле да не ги продаваат своите удели без согласност на другиот.

Во правните документи до кои дојде новинската агенција PA, се тврди дека Џоли го продала својот удел на производител на алкохолни пијалоци со седиште во Луксембург, контролиран од рускиот олигарх Јури Шефлер, без знаење на Пит.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста