Утрински Весник
Свет

Бајден: Вонредна состојба поради опасност од недостаток на струја

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи вонредна состојба во земјата поради опасност од недостиг на капацитети за производство на електрична енергија и го продолжи ослободувањето од давачки за увоз на соларни панели од Азија, соопшти Белата куќа.

„Електричната енергија е основен дел од модерниот живот кој ги снабдува домовите, компаниите и индустријата. Таа е од клучно значење за функционирањето на главните сектори на економијата, вклучувајќи ги болниците, училиштата, јавниот транспорт и одбраната. Дури и изолираните прекини на електрична енергија можат да имаат катастрофални здравствени и економски последици“, рече Бајден, се вели во соопштението на Белата куќа.

Тој нагласува дека сега е потребен силен и доверлив енергетски систем и дека тоа не е само основна човечка потреба, туку е од клучно значење за националната безбедност и прашањето за одбраната.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад