Утрински Весник
Свет

Зеленски: Ќе биде тешко ако Русија освои повеќе територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги коментираше жестоките борби за клучниот град Северодонецк на истокот на земјата.

„Руските сили имаат нумеричка супериорност, но Украина има добри шанси да го освои градот“, рече Зеленски, цитиран од „Ројтерс“.

Зборувајќи за ситуацијата во источниот регион на Донбас воопшто, Зеленски рече дека „ситуацијата може да стане многу тешка за Украина доколку Русија освои повеќе територии“.

Зеленски рече дека ситуацијата е заканувачка и на југот на земјата, додавајќи дека руските сили сакаат да го заземат градот Запорожје.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија