Утрински Весник
Спорт

Чеко Перез со јавно извинување до сопругата по бурната забава во Монако

Формула 1 возачот на Ред бул рејсинг, Серхио Перез јавно се извини на својата сопруга Карола Мартинез, откако се појави . на кое танцува со една жена на забава по неговата победа на Монако ГП трката, велејќи дека се работело за „лоша забава“, која тој „не знаел да ја контролира“.

„Ги видов видеата кои се појавија на социјалнтие мрежи и ја преземам одговорноста. Се работеше за лоша забава која не знаев да ја контролирам. Луѓето кои се блиски до мене ги знаат моите вредности и мојот карактер. За тие кои прашуваат, јас и мојата сопруга сме посилни од било кога. За тие кои сакаат да не повредат им посакувам најдобро. Ви благодарам за љубовта и се извинувам на тие кои ме сакаат бидејќи ваквите видеа не ме претставуваат мене“, вели Перез.

Перез се ожени со Карола во јуни 2018 година и неодамна го доби третото дете, синот Емилио. Нивниот најстар син Серхио Јуниор има четири години, а ќерката Карлота има две.

> Чеко Перез со јавно извинување до сопругата по бурната забава во Монако <

Можете да прочитате

Димитриевски: Верувам дека и утре нема да примам гол

Милевски: Максимално ја респектираме Ерменија и засилено се подготвуваме

Џејмс Варди заминува во Саудиска Арабија?