Утрински Весник
Свет

Саливан: Москва и Вашингтон не можат да се разделат

„Москва и Вашингтон не можат целосно да се разделат“, изјави американскиот амбасадор во Москва Џон Саливан во интервју за руската агенција ТАСС.
„Не можеме само да ги прекинеме дипломатските односи и едноставно да не разговараме. Барем секој ден седиме еден до друг во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк“, изјавил тој.

Како што кажал, без разлика на се, подобро е да разговараат меѓу себе во Советот за безбедност на ОН, како и да имаат амбасади.

„Ова е минимумот. Ова е основно. Треба да имаме амбасади во Москва и Вашингтон, а не само руската мисија во ОН“, рекол американскиот амбасадор во Москва.

Тој додал и дека мора да продолжат да соработуваат меѓу себе и покрај многуте контроверзни прашања што ги имаат.

„Се гледаме, разговараме и се претставуваме секој ден во Њујорк. Тоа е минимумот“, нагласил Саливан.

Додал дека Русија и САД можат да ги затворат своите амбасади, но и дека никој во Вашингтон не го предложил тоа.

Одговарајќи на прашањето дали може да се затворат амбасадите на двете земји, тој изразил мислење дека тоа би било голема грешка.

Кажал дека „е тешко да се најде некој во американската влада кој би предложил нивно затворање“, и дека амбасадата во Москва ќе биде затворена доколку не е безбедно да се продолжи со работа.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад