Утрински Весник
Магазин

Мараја Кери доби тужба за култната All I Want for Christmas Is You

Текстописец поднесе тужба против Мараја Кери за наводно кршење на авторски права со нејзиниот божиќен хит од 1994 година All I Want for Christmas Is You („Сè што сакам за Божиќ си ти“) и тврди дека напишал песна со истиот наслов пет години пред таа на Кери.

Во жалбата поднесена до федералниот суд во Њу Орлеанс, Енди Стоун бара отштета од најмалку 20 милиони долари од Кери, нејзиниот коавтор и компанијата „Сони мјузик ентертејнмент“ за прекршување на авторски права и проневера, меѓу другите барања.

Стоун, кој настапува како Винс Венс со кантри-поп бендот „Винс Венс“ и Валијанс, ги обвини горенаведените дека незаконски ја искористиле „неговата популарност и уникатен стил“ и предизвикале конфузија со снимањето на поновата песна без негова дозвола.

Песните на Кери и Стоун имаат различен текст и мелодија.

Портпаролите на Кери и „Сони мјузик“ не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Песната на Кери и долго време беше најслушан сингл за време на празничната сезона.

All I Want for Christmas is You на Мараја Кери – еден од најслушаните божикни хитови на сите времиња – се појави на нејзиниот албум „Среќен Божиќ“ во 1994 година и беше на врвот на топ листите во неколку земји. Според некои медиуми, оваа песна ѝ донела на пејачката заработка од над 60 милиони долари до 2017 година. Песната е емитувана милијарда пати на „Спотифај“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста