Утрински Весник
Спорт

Бостон без шанси во вториот меч – Кари и Вориорс изедначија на 1:1

Кошаркарите на Голден стејт Вориорс го изедначија резултатот во финалната серија, во НБА лигата на 1:1. Вориорс убедливо славеа над Бостон Слетикс со 107:88. Серијата сега се сели во ТД Гарден во Бостон, каде ќе се одиграат третиот и четвртиот натпревар.

Вориорс, во третата четвртина, ги решија сите дилеми околу победникот. Овој период од играта го добија со 35:14. Во последниот квартал, Ворирос ја имаа најголемата предност 93:64.

Победникот го предводеше Стеф Кари со 29 поени (5 тројки), Џордан Пул постигна 17 и тој постигна пет тројки. Двоцифрен ефект имаа уште тројца играчи: Кевон Луни уфрли 12, а Ендрју Вигинс и Клеј Томпсон по 11 поени.

Кај Бостон се истакнаа Џејсон Тејтум со 28 и Џејлен Браун со 17 поени.

> Бостон без шанси во вториот меч – Кари и Вориорс изедначија на 1:1 <

Можете да прочитате

Реал Мадрид реши да купи нов голман по катастрофалниот пораз од Барселона

Вејд доби статуа која не личи на него

Георгиевски освои сребро Г1 светскиот куп во Букурешт