Денеска со почеток од 19:19 часот, во „Салон 19:19 – Културно информативен центар“ – Скопје, ќе се одржи промоција на новата книга „Среќен Мртовец“ на Марјан Анѓеловски.
„Среќен мртовец“ е сатирична драма за живиот мртовец Живко, кој поради системска грешка добива решение дека починал. Од тој момент неговиот живот се претвора во пекол и борба со нефункционалниот државен систем, бирократија и административни лавиринри. Преку еден апсурден начин, во својата борба да докаже дека е жив, Живко го соголува до гола кожа државниот апарат и сите негови слабости.
Издавањето на книгата „Среќен мртовец“ е поддржано од Министерството за култура, како преокт од национален интерес од областа на литературната и издавачката дејност за 2022 година. Драмата „Среќен мртовец“ освои европска трета награда на „Еуродрам“ – Европската мрежа за современа драма и превод во изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2022 година.
Промотор и рецензент на книгата е Снежана Стојчевска, а театарски перформанс во форма на драмско читање ќе имаат актерите од ансамблот на Алтернативниот театар „Отпишани“: Петра Ивановска, Јасмин Рамани, Ивана Стамевска, Сара Николовска, Огнен Велевски, Ристе Мицевски и Елена Ѓорѓевска.
Текстот Промоција на книгата „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски е превземен од МАКФАКС.