Утрински Весник
Спорт

Португалија по нотите на Роналдо, Грузијците ја растурија Бугарија

Кристијано Роналдо беше двоен стрелец во триумфот на Португалија од 4:0 против Швајцарија. Во листата на стрелците му се придружија и Вилијам Карвалјо и Жоао Кансело.


Чешка и Шпанија одиграа 2:2, а Србија ја совлада Словенија со 4:1. Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ – Савиќ, Лука Јовиќ и Немања Радоњиќ погодија за селекцијата на Драган Стојковиќ Пикси.

Грузија ја победи Бугарија во Разград со 2:5 и се наоѓа на првото место во групата. Грузијците одиграа совршен натпревар и покажаа како може да се „растури“ Бугарија на гости.

Давиташвили во четвртата минута погоди за 0:1, а Андреа Христов си постигна автогол. Потоа стрелаа и Зивзивадзе, Кварачкелија и Вако, додека стрелци за Бугарија беа Александар Илиев и Илијан Стефанов.

> Португалија по нотите на Роналдо, Грузијците ја растурија Бугарија <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД