Утрински Весник
Економија

(Видео) Арсовски: Клучно за енергетската криза покрај незнењето на власта е и коруптивниот елемент

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната трибина на тема „Ценовен шок, сиромаштија и неспособна влада“ говорејќи за лошата состојба во енергетиката истакна дека покрај незнаењето на власта и немањето на стратегија за енергетиката, многу клучна работа за катастрофалната состојба во која е доведен овој сектор е и коруптивниот момент.

„ Сите се сеќаваме дека пред овој директор сегашниот на Електростопанство на Македонија беше еден друг директор кој што се викаше Драган Миновски кој можеби веќе го заборавија граѓаните, но тој беше директор кој можеби имаше некоја надеж тој самиот нешто дека нешто може да придвижи во насока на развивање на ЕСМ, но она кое што беше многу важно, најверојатно не им се поклопи во одредени бизнис комбинации. Се сеќаваме сите на оној „Рекет 2“ случај кој што го обзнанивме како политичка партија за рекетирање од страна на фирмите блиски до братот на тогашниот премиер Зоран Заев кои што рекетираа други фирми за да може да ги избркаат и нивните да работат во ЕЛЕМ. Така да една од поглавните поенти покрај незнаењето за кое што се сложувам со соговорниците дека навистина не знаат да раководат со енергетиката, не знаат да ја испланираат и не знаат да го одржуваат она кое што го наследиле, но исто една многу клучна работа е коруптивниот момент. Овој директор кој што го донесоа од РЕК Битола, бидејќи беше на РЕК Битола директор и кој што го наместија на оваа позиција е практично еден од најкоруптивните директори, за нив е најподобен и во најдобра релација со мафијата на власт или картелот на власт, како да ги наречеме. Така да, не е само незнаењето туку мислам дека и корупцијата и искрадените пари од ЕЛЕМ вклучително и од ЕВН преку оние агенции за обезбедување е еден од клучните проблеми кои што настанаа за да ја доловат ова енергетска криза која што ја имаме не од оваа година откако настана на светско ниво, туку години наназад откако почнаа да ги крадат сите оние ресурси кои што ги имаа наследено од владата на ВМРО, истакна Арсовски.

Тој додаде и дека корупцијата која се случува во овие институции, на крајот се слева да се црпат пари од граѓаните, а кога пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи да се преусмерат средства за надминување на кризата, секогаш наидува на сериозен бунт од власта која сака да продолжи по истиот пат на крадење.

„Сега целата таа висока корупција која што практично ги онеспособи овие институции, на крајот се слева да се црпат пари од граѓаните и кога нашата пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да преусмери некои пари, дали до гласање на буџет со носење на нов буџет, дали со ребаланс на веќе постоечки буџет да усмери добар дел на средства во надминување на кризата, таму наидуваме на сериозен бунт од страна на власта и практично се ни е одбиено за да продолжат по оној пат по кој што одат, да крадат. Наназад веќе неколку години ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија нормално преку пратениците, преку пратеничката група поднесува многу содржајни амандмани кои што за жал на граѓаните практично секогаш се одбивани од власта“, потенцираше Арсовски.

Можете да прочитате

Поскапени цените на угостителските услуги

Битиќи: Трошоците за храна реално ќе се намалат со предлог-законот на СДСМ за укинување на ДДВ

СДСМ со предлог за нула ДДВ за прехранбените производи, Владата најавува поригорозни казни ако се зголемат цените