Известувачот за Македонија Илхан Ќучук реизбран за лидер на Европските Либерали
Европратеникот од бугарската партија ДПС, Илхан Ќучик, со огромно мнозинство гласови беше реизбран за копретседавач со Формацијата на Европските либерални партии.
Највисокиот Совет на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) со големо мнозинство го реизбра европратеникот од бугарското Движење за права и слободи (ДПС) Илхан Ќучук за копретседавач со АЛДЕ за втор последователен мандат, на четириесет и вториот Конгрес кој се одржува од 2 до 4 јуни во Даблин.
На средбата се дискутираше за предизвиците со кои се соочува Европската Унија и за приоритетите на Европа пред следните избори за Европскиот парламент.
Топ темите на разговор, на кои присуствуваа лидерите на либералните политички партии, беа иднината на Европа, снабдувањето со енергија, војната во Украина и патот кон мирот. Беа креирани политики кои ќе го обликуваат либералниот одговор на предизвиците со кои се соочува Европа. Од особено значење е тоа што лидерите едногласно изразија желба партиите да останат обединети.
Новоизбраниот копретседател на АЛДЕ посочи на неколку цели на кои партијата мора да работи напорно за да ги постигне во наредните месеци.
Ќучук смета дека првата работа е да се реформира АЛДЕ за да се претвори во најмодерна и најефикасна меѓу европските партии. Вториот приоритет е да се зголеми поддршката за националните партии кои се дел од либералното семејство. На крајот, тој ја истакна важноста на секоја активност во подготовка пред европското гласање во 2024 година, кое ќе им донесе победа на либералите.