Утрински Весник
Спорт

Трчаше во погрешна насока, и пак победи, на маратонот во Стокхолм

Кенискиот атлетичар Феликс Кирва победи на маратонот во Стокхолм, но се соочи и со голем проблем откако во еден момент од трката тргна во погрешна насока. Сепак, и покрај тоа славеше со време од два часа, 11 минути и седум секунди.

Кирва заедно со уште двајца маратонци на 28. километар беа погрешно насочени и истрчаа 1,1 километар повеќе. Така пропадна неговата шанса за рушење на рекордот на овој маратон. Два часа, 10 минути и 10 секунди е рекорд на маратонот во Стокхолм, па Кениецот не го собори за само 57 секунди.

„Многу сум среќен што победив на маратонот во Стокхолм, но трчав во погрешна насока и затоа не го соборив рекордот“, изјави Кирва.



> Трчаше во погрешна насока, и пак победи, на маратонот во Стокхолм <

Можете да прочитате

Несторовски: Милевски не сака играчи со силен карактер, затоа ме отпиша од репрезентацијата

Вељко Пауновиќ официјално нов селектор на Србија

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб