Утрински Весник
Свет

Началникот на Генералштабот Бајрам Бегај избран за претседател на Албанија

Началникот на Генералштабот на албанските вооружени сили Бајрам Бегај е избран за претседател на Албанија, пренесува Франс прес.

Генерал Бегај (55) беше предложен од социјалистичкото мнозинство на премиерот Еди Рама. Тој беше избран во четвртиот круг гласање, за кое беше потребно апсолутно мнозинство, по три неуспешни круга во кои беше потребно квалификувано мнозинство од 84 гласа во парламентот со 140 пратеници.

За неговата кандидатура гласаа 78 пратеници.

Бегај ќе го наследи Илир Мета, жесток критичар на владата, кој ќе се повлече на 24 јули. Мандатот на Бајрам Бегај ќе биде пет години.

Бегај дипломирал медицина, станал активен воен офицер во 1998 година и бил на различни високи позиции во албанската армија. Од јули 2020 година е началник на Генералштабот.

Пред гласањето во парламентот, тој мораше да поднесе оставка од сите воени должности од процедурални причини. Албанија, членка на НАТО од 2009 година, се надева дека ќе ги започне пристапните преговори со Европската унија оваа година.

Можете да прочитате

Тројца обвинети во наводен заговор на Иран за убиство на Трамп за време на кампањата

Во Вашингтон најавен протестен марш пред инаугурацијата на Трамп

78 лица сè уште се водат како исчезнати во поплавите во Шпанија