Утрински Весник
Македонија

Мицкоски по средбата со Генчовска: Да се тргне ветото и да престанат условувањата кон Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева се сретна со министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и предизвиците на Македонија во процесот на европска интеграција. Мицкоски ја истакна загриженоста за европската интеграција на Македонија и побара да се отворат преговорите без условувања.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор кој е резултат на преговори во кој не учествува најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и преговори кои се на штета на македонскиот народ и неговиот идентитет. Од опозициската партија велат дека оваа влада нема легитимитет да преговара и да ги нарушува македонските преговарачки позиции.

Мицкоски порача Бугарија да го тргне ветото без одложување и пристапните преговори да започнат што поскоро низ призма на европските вредности и критериуми.

Можете да прочитате

ИЈЗ: Ја следиме состојбата со хантавирусот, во моментов нема регистрирани случаи

Претреси во Кичево и кичевско, пронајдени пушки и куршуми, приведено едно лице

„Наше Скопје, наша одговорност“ – започна најмасовната еко-акција на Балканот, GENERALKA WEEKEND