Утрински Весник
Македонија

Генчовска во Скопје – го осуди инцидентот во Битола

Министерот Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија, Теодора Генчовска заедно со тимовите на министерствата за надворешни работи денес одржаа работна средба како дел од дводневната работна посета во Македонија.

Разговорите протекоа во пријателска и конструктивна атмосфера во функција на продолжување на дијалогот меѓу двете министерства за надминување на отворените билатерални прашања согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и унапредување на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, информираат од Министерството за надворешни работи.

„ Разговорите ќе продолжат и во текот на наредниот ден и дополнително ќе се интензивираат во периодот кој претстои во насока на изнаоѓање на взаемни решенија за остварување на споделената цел за унапредување на европската иднина на Северна Македонија.

За време на средбата заеднички беше остро осуден инцидентот во Битола. Двете министерства ќе продлжат да наоѓаат взаемно прифатливи решенија и да ги унапредуваат билатерталните односи помеѓу двете земји“ се наведува во соопштението на МНР.

Можете да прочитате

Со македонски пасош олеснето може да се патува во 114 држави во светот

Приведено лице осомничено за двете убиства во Ѓорче Петров

Обвинителството го отфрли предлогот Дејан Јованов и неговиот син да бидат сослушани како сведоци на судењето против деветмината полицајци за „Пулс“