Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Вандалскиот чин во Битола е напад на односите кои ги градиме со Бугарија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, најостро го осуди палењето на влезот на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, со убедување дека ваквите мали провокации нема да ги победат искрената заложба и досегашниот труд, кои оваа влада ги вложи во враќање на дијалогот со Бугарија и враќање во нормала односите помеѓу двата народи.

„ Изразувам жалење за денешниот инцидент во Битола. Палењето на влезот на здружението „Иван Михајлов е директен напад на односите кои ги градиме и дијалогот кој го водиме со соседна Бугарија.

Провокациите не носат добро никому, само ги разгоруваат националните емоции кај граѓаните од двете држави, кои штетат на соработката и добрососедските односи.

Најостро го осудувам ваквиот вандалски чин и убеден сум дека овие мали провокации нема да ги победат искрената заложба и досегашниот труд кои ги вложивме во враќање на дијалогот со Бугарија и враќање во нормала односите помеѓу двата народи.

Верувам во работата на надлежните институции и очекувам брз епилог и адекватна казна за сторителот/сторителите“, стои на Фејсбук профилот на вицепремиерот Маричиќ.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание