Утрински Весник
Свет

Австрискиот канцелар: Ќе продолжам да барам разговори со сите страни

Карл Нехамер најави дека ќе продолжи да бара разговори со сите страни во војната во Украина и дека и покрај сите несогласувања ќе продолжи да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

На конференцијата Глобсек во Братислава, Нехамер рече дека руската агресија против Украина има драматични последици за Европа и остатокот од светот.

„Украина ја заслужува сета наша поддршка и солидарност. „Истовремено, ние мора да направиме сè за брзо завршување на војната и за постигнување мировни преговори, на пример во рамките на Истанбулскиот процес“, рече Карл Нехамер, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад