Утрински Весник
Свет

Лукашенко најавува жесток конфликт меѓу Зеленски и украинската армија

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави дека започнува сериозен конфликт меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и украинската армија.

„Во Украина, според моите информации, започнува сериозна конфронтација и конфликт меѓу Зеленски и украинската војска. Армијата, како никој друг, разбира каков е конфликтот со Русија. Таму гинат војници. Тие гледаат што можат, колку се способни и колку можат да се борат. И борбата нема да може да продолжи. Гледате, Русија ја промени својата тактика“, изјави Лукашенко денеска пред новинарите. Неговата изјава ја објави агенцијата „Белта“, а информацијата ја пренесува и руската агенција ТАСС.

Лукашенко смета дека причините за конфликтот меѓу Зеленски и претставниците на, како што рече, националистички ориентираната армија треба да се бараат во договорите меѓу Киев и Варшава.

„Тие гледаат дека (Зеленски) им одобри статус на Полјаците. И кон што води тоа? Отцепување на западна Украина. Затоа започнува конфликт меѓу претседателот и армијата. И сигурен сум дека украинската армија е подготвена да обезглави било кој“, рече Лукашенко.

Тој смета дека националистите сакаат независна Украина.

Можете да прочитате

Израелските медиуми со различни резултати од излезните анкети за парламентарните избори

Во Конго регистрирани повеќе од 10.000 случаи на ебола – најбрзо растечка епидемија на болеста во историјата

САД следната година ќе ја испратат првата подморница на нуклеарен погон во Австралија