Утрински Весник
Свет

Во Украина ранети двајца новинари на „Ројтерс“, нивниот возач загина

Двајца новинари на „Ројтерс“ се повредени, а нивниот возач е убиен во источна Украина кога било пукано врз нивниот автомобил, објави оваа агенција.

Според информациите, новинарите се здобиле со полесни повреди.

„Тие патувале за Северодонецк со возило што им го дале руските сепаратисти, кои им обезбедиле и возач.

Изразуваме длабоко сочувство до семејството на возачот“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Украински напад врз руски Белгород: Двајца мртви, 16 повредени

Лавров: Активностите на НАТО на Арктикот се директна закана за безбедноста на Русија

Армијата на САД нападна воени цели на ирански остров