Утрински Весник
Магазин

Мислев дека ќе умрам – Мајлс Телер откри детали од снимањето на „Топ Ган 2“

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мајлс Телер се плашел од најлошото додека снимале сцена за „Топ Ган: Маверик“, продолжението на блокбастерот од 80-тите.

35-годишниот актер глуми во новиот филм како Бредли Бредшо и откри како се преплашил додека снимал опасен маневар со авион Ф-18 Хорнет.

Во интервју за LADbible, Мајлс рече: „Дефинитивно имав момент кога мислев дека ќе умрам.“

„Имаше секвенца во која летаме право кон земјата и го правиме она што се нарекува Max G pull-up (максимално G повлекување). Се спуштате надолу и во последната секунда се повлекувате, а овој маневар навистина е тежок за пилотот.

„Тоа е нешто што пилотите го тренираат цело време, но првпат направивме таков маневар и јас целосно престанав да глумам. Гледав надолу и помислив дека ова нема да заврши добро за мене“.

И покрај неговото искуство блиску до смртта, Мајлс откри дека успеал да избегне повраќање додека учествувал во секвенците за летање што ги поставил Том Круз.

Можете да прочитате

Предновогодишен спектакл пред Cevahir Mall Skopje со НОКАУТ и богата целодневна програма

Џејми Ли Кертис: Направив пластична операција на 25 години и се каам

Со даска за пеглање спакувајте подарок како професионалец