Утрински Весник
Свет

(Видео) Проруските сепаратисти му се пожалија на Путин: Гладни сме и ладно ни е

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кристофер Милер, известувач за Политика за Украина и Источна Европа, на Твитер објави видео од проруските сепаратисти од самопрогласената Народна Република Доњецк како му се жалат на рускиот претседател Владимир Путин за условите со кои се борат во Украина, пренесе Нова.

Како што се наведува, видеото е снимено во областа Херсон, а 113-от полк на самопрогласената Народна Република Доњецк му се пожалил на Путин. Имаа замерки за студот и гладот. Тие инсистирале дека немаат лекови и соодветно оружје.

На видеото се гледа како војник чита текст додека други борци стојат околу него со оружје во рацете.

На видеото еден војник го чита текстот, а другите стојат околу него со оружје во рацете. Тие изјавија и дека немаат лекови и дека биле фрлени во битка без соодветно оружје. Тие бараат од нив да се вратат во Доњецк, пренесуваат мадиумите.

Да потсетиме дека Русија постигнува тактички успех во Донбас и веќе контролира повеќе од 90% од регионот на Луганск. Оваа информација ја соопшти британското Министерство за одбрана во својот извештај.

Можете да прочитате

Поранешниот премиер на Малезија осуден на уште 15 години затвор за скандалот 1MDB

Запленет танкер полн со нафта во Иран

Три жени беа избодени во париското метро