Утрински Весник
Спорт

Тотенхем и Челси во „битка“ за Јошко Гвардиол

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

РБ Лајпциг се обидуваат да ги спречат англиските премиерлигаши Тотенхем и Челси да го купат нивниот лев бек, младиот Хрват Јошко Гвардиол, бидејќи тој нема откупна клаузула во договорот со бундеслигашот.

Според „Дејли мејл“, Гвардиол е првата желба на новите газди на Челси, предводени од американскиот милијардер Тод Бели, откако Антонио Ридигер замина во Реал Мадрид, а се верува дека и Анреас Кристенсен оди во Барселона.

20-годишниот Гвардиол замина во Лајпциг од Динамо Загреб за 16 милиони евра во септември 2020 година, за да остане во хрватскиот клуб таа сезона, пред минатата сезона да блесне за германскиот клуб, одигрувајќи речиси 50 меча за клубот кој заврши на четвртото место во Бундеслигата, а ја освоија и титулата од ДФБ купот и стигнаа до полуфиналето на Лига Европа.

> Тотенхем и Челси во „битка“ за Јошко Гвардиол <

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата