Утрински Весник
Свет

Зетот на поранешниот руски лидер Борис Елцин повеќе не е советник на Путин

Кремљ потврди дека Валентин Јумашев, зет на поранешниот руски лидер Борис Елцин, ја напуштил функцијата советник на Владимир Путин.

Јумашев беше неплатен советник со ограничено влијание врз одлучувањето на Путин, пишува „Ројтерс“. Но, тој беше една од последните врски во администрацијата на Путин со владеењето на Елцин, период на либерални реформи и отворање на Русија кон Западот.

За време на Елцин, кој беше руски претседател од 1991 до 1999 година, Јумашев бил советник на Кремљ, а подоцна и шеф на кабинетот на Кремљ. Оженет е со ќерката на Елцин, Татјана. И покрај разликите во вредностите меѓу двајцата руски лидери, Путин ги задржа врските со поранешното прво семејство.

Во март, друга висока личност од времето на Елцин, Анатолиј Чубајс, ја предаде својата улога на специјален пратеник во Кремљ.

Можете да прочитате

Шестмина загинати и над 100 киднапирани во вооружен напад во Нигерија

Лос Анџелес: Три лица загинаа во експлозија во тренинг центар на локалните безбедносни сили

Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху