Утрински Весник
Спорт

Гатузо ја презеде Валенсија

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот италијански репрезентативец Џенаро Гатузо е новиот тренер на шпанска Валенсија.

Популарниот Рино на клупата на лилјаците ќе биде до 2024 година, со можност за продолжување на соработката за уште една година. Ќе добива два милиони евра по сезона.

Заедно со него стручниот штаб ќе го сочинуваат Џиџи Ричио, Валерио Фиори, Бруно Доминики, Дино Тендерини, Франческо Сарло и Марко Сангермани.

Гатузо во својата досегашна тренерска кариера беше на клупата на Сион, Палермо, Крит, Пиза, Милан и Наполи. Без работа беше цела сезона. Неговиот најголем успех е освојувањето на Купот на Италија со Наполи во 2020 година.

> Гатузо ја презеде Валенсија <

Можете да прочитате

Мурињо може да го стопира трансферот на Отаменди во Барселона

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички