Утрински Весник
Спорт

Аргентинците ја „поништија“ Италија во првата „Финалисима“

Аргентина стигна до 3:0 победа над Италија на „Вембли“ во Лондон во првата „Финалисима“, новото натпреварување помеѓу шампионите на Јужна Америка и Европа, договорено помеѓу УЕФА и ЦОНМЕБОЛ.

Во меч кој беше „збогување“ за Џорџо Кјелини и уште неколку италијански репрезентативци, Аргентина се покажа како посилен противник, посебно во нападот.

Лео Меси имаше прекрасен пробив за да му асистира на Лаутаро Мартинез во 28. минута, пред во финишот на полувремето, самиот Лаутаро да има одлична акција, а Анхел ди Марија да постигне прекрасен гол. Лионел Меси повторно беше главен актер и во 94. минута кога успеа да ја помине одбраната на „аѕурите“, а Пауло Дибала прекрасно да го совлада Џанлуиџи Донарума.

> Аргентинците ја „поништија“ Италија во првата „Финалисима“ <

Можете да прочитате

Мундијалската турнеја на Инфантино: Над 50.000 километри со приватен авион за 24 натпревари

Вечерва три средби од нокаут фазата на Мундијалот

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот