Утрински Весник
Македонија

Врховниот суд ги потврди затворските казни за „Рекет“

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Врховните судии ја потврдија затворската пресуда за предметот „Рекет“ каде на Катица Јанева и беше одредена седумгодишна затворска казна, а на Бојан Јовановски му беше изречена деветогдишна затворска казна. Ова е трета инстанца која одлучуваше по овој предмет, по Кривичниот суд и Апелација, а сите донесоа идентична одлука.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот познат во јавноста под името ‘Рекет’, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие“, соопштија од Врховен суд.

Обвинетите Јанева и Јовановски сметаа дека има суштествени повреди во постапката поради кои бараа предметот да се врати на повторно судење.

Можете да прочитате

За новогодишната ноќ ќе имаме сув студ

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом