Утрински Весник
Спорт

Најмоќната жена во фудбалот го напушта Челси

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

За спортскиот директор на Челзи и една од најмоќните жени во светот на фудбалот, Марина Грановскаја, следниот преоден рок ќе биде последен во лондонскиот клуб, пишува „Билд“.

Американски конзорциум предводен од бизнисменот Тод Боели официјално го презеде Челзи, што значи дека клубот може да работи нормално по воведувањето санкции на поранешниот сопственик Роман Абрамович поради руската агресија врз Украина.

„Досега последниот збор го имаше 47.годишната Грановскаја, а отсега одлуките ќе ги носи тренерот Томас Тухел. Блиската соработничка на Абрамович е во клубот од 2013 година, а бидејќи Русите сега имаат лош статус во Англија, веројатно во август ќе го напушти клубот“, пишува „Билд“.

Според овој извор, нејзин наследник би можел да биде 50.годишниот Италијанец Андреа Берта, моментално спортски директор на Атлетико Мадрид.

„Билд“, истакнува дека Тухел сака играч од шпанскиот клуб – дефанзивецот Хозе Хименез.

> Најмоќната жена во фудбалот го напушта Челси <

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место